Чудното интимно однесување на царицата Екатерина Велика; Во приватните одаи секогаш земала една жена, која ја принудувала на шокантни работи

Точка

21/07/2024

15:33

8.933

Големина на фонт

а а а

Екатерина Велика била руска царица позната по девијантното однесување во спалната соба. Се верува дека многу приказни биле раширени од нејзините непријатели.

Се зборувало дека никој не бил толку девијантен во креветот како руската царица Катерина Велика. За нејзините фетиши се зборува со векови по нејзината смрт.

Софија Августа Фредерика од Анхалт-Зербст (како што ја нарекувале пред да го прифати православието) дошла во Русија како невеста на ексцентричниот иден император Петар Трети. Бракот бил окарактеризиран како промашување поради нејзините неверства, но младата и образована принцеза набрзо ги освоила политичките кругови коишто нејзиниот сопруг ги отфрлил од себе.


На крајот, царот Петар Трети бил убиен помалку од шест месеци по доаѓањето на тронот. Григориј Орлов, љубовникот на Катерина во тоа време, бил водач на заговорниците кои ја прогласиле Екатерина за владетелка. Постоел сомнеж дека Катерина е вмешана во убиството на Петар, но тоа никогаш не било докажано.

Царицата Екатерина Велика беше една од најголемите владетелки во историјата на Русија. Сепак, уште повеќе од ова, историјата ја памети по безброј анегдоти поврзани со нејзиниот приватен живот, особено со нејзините сексуални склоности. И додека приказната дека уживала во секс со животни е целосна глупост што ја пласирале нејзините непријатели, царицата имала еден друг, сосема бизарен фетиш.


Имено, на дворот на Екатерина Велика имало лице чија официјална титула била „скокоткач на стапала“. Неговата или нејзината работа била токму тоа – да ги скокотка или масира стапалата на царицата и на тој начин да ја стимулира додека раскажува сочни, еротски приказни или пее.

Забележано е дека Екатерина Велика многу ја сакала оваа еротска масажа. Оние што требало да ја скокоткаат на нозете, односно стапалата, најчесто биле избирани меѓу дворските дами и тоа била многу привилегирана позиција поради нивната блиска врска со царицата и фактот што со неа ги поминувале некои од најинтимните моменти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг