Маж се удави во Дојранско Езеро, од чамец скокнал во водата, пливал кратко и исчезнал: Повикани нуркачки екипи да го пронајдат

Макфакс

18/07/2024

15:09

8.345

Големина на фонт

а а а

Претпладнево во 10:10 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Дојранско Езеро се удавил маж. Лицето скокнало во водата од чамец, пливало неколку метри, по што се удавило.

„Полициски службеници од ОВР Гевгелија се на местото на настанот. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, а повикани се нуркачки екипи за пронаоѓање на лицето, информираа од СВР Струмица“ велат од МВР.

Засега не се соопштува идентитетот на удавениот.