Се собраа потребните парични средства за лекувањето на Илин: Хуманите луѓе сплотени во уште една мисија

Точка

18/07/2024

15:15

3.797

Големина на фонт

а а а

Во рок од една недела се собраа потребните парични средства за третата операција која е потребна за Илин.

Илин е младо момче на 3-годишна возраст, кое е родено со Невус, т.е. заболување на кожата за кое постои опасност да премине во меланом.


Илин досега имал две операции за отстранување на заболеното ткиво, а сега е потребна и трета операција за негово целосно отстранување.

Овој тип на операција не се изведува во Македонија, па затоа е потребно Илин да замине во Турција за да се изведе финалниот оперативен зафат.


Интервенцијата за која се собираа парични средства чини околу 1 милион денари или околу 15.000 евра. Благодарение на хуманите луѓе, малиот Илин ќе може да замине за Турција.

Почитувани наши донатори, поддржувачи, пријатели сакаме од срце да ви се заблагодариме што за само една недела успеавме...

Posted by ECrowd.mk on Thursday 18 July 2024

„Почитувани наши донатори, поддржувачи, пријатели сакаме од срце да ви се заблагодариме што за само една недела успеавме да ја собереме потребната сума за операција на малиот Илин!

Илин цел живот да си вака насмеан!“




Спонзорирани линкови

Маркетинг