Актерката Камила Мороне неодамна била фотографирана во друштво на своето ново момче - американскиот режисер на музички спотови, Кол Бенет, во Њујорк.
Како што пренесуваат странските медиуми, поранешната девојка на Леонардо Ди Каприо уживала во вечерното излегување со 28-годишниот Кол, а друштво им правеле Каја Гербер, ќерката на супермоделот Синди Крафорд и нејзиниот партнер, актерот Остин Батлер.
Вниманието на јавноста го привлече и фактот што сегашниот партнер на Камила е многу помлад од нејзиниот поранешен - славниот холивудски актер.
Со него беше во врска 4 години, а во јавноста се шпекулираше дека оскаровецот раскинал со неа во 2022 година поради возраста односно дека Камила ја преминала дозволената граница на Леонардо - во моментот на раскинувањето имала 25 години.