Барселона со единствено видео го претстави новиот домашен дрес за сезоната 2024/25, а навивачите во коментарите се воодушевени од изгледот на дресот и тоа што во видеото се појавува легендата на клубот.
„Инспириран од наследството, патувањето и корените на клубот“, се наведува во описот на видеото кое каталонскиот џин го објави на социјалните мрежи.
Новиот дрес го произведува американскиот бренд „Nike“, со кој Барселона неодамна потпиша договор на десет години вреден 120 милиони евра по сезона. Неодоливо потсетува на оној од сезоната 2006/07, бидејќи грбот е на средината, а дресот не е направен така да ги има вообичаените линии, туку левата страна е сина, а десната црвена.
Во видеото се појавуваат актуелни играчи на Барселона, но и легендите Роналдињо, Карлес Пујол и Андрес Иниеста.
Barça's new kit for the 24/25 season.
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 18, 2024
Inspired by the Club's legacy, trajectory, and roots. pic.twitter.com/fqy7UhZMH2
„Дали е можно нашиот медиумски тим да го продуцирал ова?“
Коментарите под објавата на Барселона се многу позитивни, но некои се и шокирани: „Дали е можно нашиот медиумски тим да го продуцирал ова?“, „Никогаш не сум видел поубава боја“, „Дефинитивно го купувам и го носам овој дрес“, „Апсолутно прекрасен дрес, а презентацијата нуди убава носталгија“, „Најдобро претставување на дрес во историјата“, се само некои од коментарите на воодушевените навивачи.