Потпретседателката на Аргентина по француските обвиненија за расизам: „Нема да не заплаши колонијална сила поради изнесување на вистина која не сака да ја признае …“

Точка

18/07/2024

12:28

2.952

Големина на фонт

а а а

Енцо Фернандез доби поддршка од големите политички фигури внатре во својата татковина.

Откако на социјалните мрежи се појави видео од песна која Француската фудбалска федерација ја осуди како расистичка, ФИФА отвори официјална истрага против аргентинската фудбалска репрезентација.

Нивната прослава по третиот голем трофеј во последните три години беше „заматена“ кога фудбалерот на Челзи, Енцо Фернандез, во живо на Инстаграм пренесуваше како тој и неговите соиграчи пеат контроверзна песна која гласи:

„Играат за Франција, но родителите им се од Ангола. Мајка им е од Камерун, татко им од Нигерија. Но, на пасош им пишува Французи“.


Критики од клубот, поддршка од татковината

Иако наиде на критики од клупските соиграчи во Челзи, посебно Весли Фофана кој видеото го нарече „неконтролиран расизам“, Фернандез има поддршка од политичките фигури од својата татковина.

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи ја поддржал објавата на која пишува дека песната ја зборува вистината и повикал на замена на својот потсекретар за спорт Хулио Гаро, по тврдењето дека барал од Лионел Меси да се извини.

Гаро ги отфрлил овие тврдења, а на социјалните мрежи изјавил:

„Категорично демантирам дека сум барал од Меси да се извини. Тоа би било непочитување кон оние кои постојано не почестуваат со својот човечки и спортски квалитет“.


„Нема да не заплаши ниедна колонијална земја“

Меси нема никаква врска со целата приказна, со оглед на тоа дека наводно не бил присутен во автобусот бидејќи останал во Мајами на лекување на повредата здобиена во натпреварот против Колумбија.

Потпретседателката на земјата Викторија Виљаруел отишла и чекор понатаму, тврдејќи дека песната ја изнесува вистината која тие не сакаат да ја признаат. Таа вели:

„Ниедна колонијална земја нема да не заплаши поради фудбалска песна или изнесување на вистина која не сакаат да ја признаат. Престанете да глумите индигнација, лицемери. Енцо, со тебе сме“.