Изгледа дека сите полудеа по ф'стаци, без разлика дали се работи за сладолед од ф'стаци или пециво со ф'стаци, па меѓу другото тие станаа незаменлива состојка и на некои пици и тестенини. Имаме одлична вест за сите љубители на ф'стаци - во Рим има ресторан посветен на нив, а ги има во речиси секое нивно јадење.
Ф'стаци во сè - од тестенини до хамбургери
Станува збор за ресторанот „Eden il Paradiso del Pistacchio“, кој постои на две локации во Рим, а нивното мени е навистина разновидно. Бидејќи се наоѓа во Италија, тука секако ќе можете да нарачате тестенини со ф'стаци, како и некои други италијански специјалитети и десерти, како популарните каноли.
Има и сладолед од ф'стаци, разни колачи со ф'стаци, а ќе најдете и плескавици, па дури и помфрит со прелив од ф'стаци, посипани со крцкави парчиња ф'стаци. Судејќи по коментарите на нивниот Инстаграм, ова е навистина хит, а многумина пишуваат дека сега мораат да дојдат во Рим само поради овој ресторан.
Имаат и веб-продавница
На нивната официјална веб-страница можете да нарачате и разни јадења и производи од ф'стаци. Ресторанот нуди чоколадо од ф'стаци за 5 евра, пралини за 8 евра, крем од ф'стаци за 9 евра, песто од ф'стаци за 10 евра, па дури и ликер од ф'стаци за 16 евра.