Приказната за педијатарот и неговиот спасител е толку необична што многумина мислеле дека се работи за бајка, сè додека веб-страницата „Snopes“ не ја потврдила вистинитоста на целата ситуација.
Понекогаш судбината делува бавно, но со текот на времето му дозволува на животот да напише драма – една со среќен крај.
Педијатарот Мајкл Шенон во 1981 година бил дежурен, кога во неговата смена било донесено бебе тешко само 1,5 килограми. Шенон работел деноноќно, и покрај сите сомнежи, тој се борел да го стабилизира, објавил американскиот сајт „Snopes“. Момчето се викало Крис Троки и преживеало благодарение на сета надеж на пожртвуваниот доктор и неговиот труд.
Судбината ги споила 30 години подоцна, овојпат во обратни улоги, кога на педијатарот му била потребна помош и исто така бил на работ на смртта.
Кога кармата ќе затропа на вратата
Докторот Шенон во 2011 година бил во речиси безизлезна ситуација. По тежок судар, тој останал заглавен во урнатините на запалено возило. На местото на настанот притрчал млад болничар, кој заедно со пожарникарите дошол како би се обидел да ги спасат жртвите од несреќата.
Не се откажал ниту кога видел дека автомобилот гори. Погодувате, младиот медицинар бил истото бебе од почетокот на приказната, Крис Троки и не знаејќи што прави го спасил човекот благодарение на кој како бебе останал жив.
Пожарникарите од противпожарната единица 29 се враќале од терен и за неколку минути реагирале на големата несреќа. Кога пристигнале, возилото на Шенон било во пламен, а нозете му биле зафатени од оганот.
„Пожарникарските екипи потоа работеле на гаснење на пламенот и спасување на лекарот. После тоа, Шенон поминал 45 дена во болница како би му се санирале повредите – за жал, била неопходна ампутација на два прста од неговата нога. Меѓу оние кои помогнале да се спаси Шенон тој ден бил и болничарот Крис Троки од противпожарната служба на округот Оринџ, чиј живот педијатарот го спасил 30 години порано“.
Троки изјавил дека дознал како спасениот човек е Шенон кога отишол во болницата.
Four years after an Orange County paramedic helped rescue the doctor who saved his life as a baby, the two reunited at a fundraiser benefiting children with cancer.
Chris Trokey was among the first responders who aided Dr. Michael Shannon when he was trapped in a fiery wreck. However, it wasn’t until he was at the hospital that he realized the victim was his former pediatrician who saved him three decades earlier.
When Trokey was born, he weighed just 3.2 pounds and doctors had initially gave him a 50/50 chance at surviving. Had it not been for Dr. Shannon’s round-the-clock care, he might not have lived.
On Sunday, the two were among 30 people who shaved their heads and raised $12,000 at the fundraiser benefiting St. Baldrick's charity.
Watch KTLA's video here: www.ktlane.ws/1BV2dfj
Posted by KTLA 5 News on Sunday 29 March 2015
Двајцата повторно се сретнале во 2015 година на хуманитарен настан.
Вистинитоста на оваа приказна ја потврдила и радиостаницата KTLA во областа Лос Анџелес на 29 март. Имено, KTLA ја објавила приказната за Шенон кого го спасиле Троки и други пожарникари од пожарната единица 29.