Познатата актерка Шенон Доерти, ѕвезда на култната серија „Beverly Hills 90210“ почина на 53-годишна возраст. Актерката долго време се бореше со ракот. За првпат ѝ беше дијагностициран рак на дојка во 2015 година, а две години подоцна објави дека отишла во ремисија.
Сепак, нејзиниот рак се врати во 2019 година и напредуваше во четврта фаза, ширејќи се до нејзиниот мозок. Докторот на Доерти ги откри последните моменти од животот на познатата актерка, која почина на 13-ти јули во болница во Малибу, Калифорнија по долга борба со ракот на дојка.
Во интервју за „People“, онкологот д-р Лоренс Д. Пиро кажа една многу тешка вистина.
„Во последните неколку часа таа беше на место каде што ѝ беше многу удобно, спиеше, беше опкружена со некои нејзини многу блиски пријатели“, изјавил д-р Пиро, па додал:
„Во собата имаше неколку нејзини блиски личности кои ѝ пружаа внимание и поддршка. Беше мрачно и тажно, но убаво и полно со љубов. Најтешкото нешто во врска со ова е што Шенон не беше подготвена да замине бидејќи го сакаше животот“, додал онкологот.
Зборувајќи за борбата на покојната актерка против опасната болест, д-р Пиро вели дека дале сè од себе и продолжиле со лекувањето сè додека тоа било можно.
„Во последниот разговор кој го водевме, таа беше во процес на сфаќање дека нештата прилично се влошија“, рекол лекарот.
„Таа сакаше да продолжи да се лекува и да се бори, иако нејзината физичка состојба се влоши. И така и направивме“, истакна д-р Пиро.
Тој додал и дека Шенон Доерти немала намера да се откаже.
„За тоа не ни стануваше збор бидејќи Шенон не живееше така. Таа беше неверојатен воин во сè што правеше“, заклучил д-р Пиро.