Емотивна средба на Лука Модриќ со својот прв сениорски тренер

Точка

16/07/2024

16:50

2.586

Големина на фонт

а а а

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ вчера пристигна во Мостар каде присуствуваше на премиерата на филмот „ХШК Зрињски – приказна за гордоста“.

Стотици навивачи го пречекаа пред и на стадионот под Бијели Бријег во Мостар, а тој трпеливо се фотографираше и им даваше автограми на навивачите.

Особено трогателна беше средбата со Фрањо Ѓидиќ, првиот тренер на Лука, поточно првиот човек кој му даде шанса во сениорскиот фудбал.

„Мој Лукица“, рекол Ѓидиќ кога го видел Модриќ како доаѓа да го прегрне и го прашал зошто не дошол порано:

„Не можев, немаше време, а сега е многу добра можност“, одговори Модриќ.

Модриќ првите сениорски чекори ги направи во мостарски Зрињски од каде пристигна на позајмица од Динамо.

По враќањето во Динамо од Мостар, тој стана еден од главните играчи на сините, поради што во 2008 година си обезбеди трансфер во Тотенхем.

Конечно, во 2012 година се пресели во Реал Мадрид каде остави неизбришлива трага, а во 2018 година ја освои и Златната топка.