Социјалната мрежа "X" (поранешен Твитер) тестира нова функција која ќе им овозможи на корисниците на платформата да остават реакција „не ми се допаѓа“ на коментарите на објавите.
Новата функција ќе биде означена со симбол на скршено срце, пренесува "Tech Crunch", повикувајќи се на кодот на апликацијата за "iOS".
"X" наводно сака одговорите со повеќе позитивни реакции да се појавуваат поизразено, додека коментарите со повеќе негативни реакции да останат помалку забележливи.
The ability to dislike posts are coming to the X for iOS app as well pic.twitter.com/rWk5mkRcip
— Aaron (@aaronp613) July 11, 2024
"Financial Times" неодамна објави дека платформата "X", која е во сопственост на најбогатиот човек на светот, Илон Маск од октомври 2022 година, имала 251 милион дневни активни корисници во вториот квартал од 2024 година.
Бројот на дневни корисници на платформата "X" порасна за скромни 1,6 отсто во споредба со истиот период минатата година, што укажува на стагнација што го отвори патот за проширување на новата социјална мрежа "Threads" во сопственост на извршниот директор на компанијата Марк Закерберг.
Закерберг на почетокот на месецот објави дека "Threads" има повеќе од 175 милиони месечни активни корисници една година по неговото лансирање.
„Каква година“, додаде Закерберг во објавата на платформата "Threads".