Ралф Шумахер, поранешниот возач на Формула 1, јавно призна дека е геј.
Тој во неделата на социјалните мрежи објави фотографија на која е со својот партнер Етјен, со зборовите: „Најубавото нешто во животот е кога покрај себе имаш вистински партнер, со кој можеш да споделиш сè.”
Блиската пријателка на Ралф, германската актерка Кармен Гајс, веднаш одговори на неговата објава и му даде поддршка на поранешниот возач на „Џордан“, „Вилијамс“ и „Тојота“.
„Ве сакам двајцата. Го имаш најдобриот партнер, Етјен, кој можеш да го замислиш. По две години можете да ја споделите вашата љубов со светот. Го познавам Ралф повеќе од 25 години и тој секогаш ми даваше голема радост“, напишала таа.
Помладиот брат на славниот Михаел Шумахер (55), победник на шест трки во Формула 1, беше во брак со германската манекенка и актерка Кора Шумахер (моминско Бринкман) од 2001 до 2015 година. Тие го имаат синот Дејвид Шумахер (22), кој исто така се занимава со авто-мото спорт и вози автомобили, за разлика од неговиот брат од неговиот вујко Мик Шумахер, синот на Михаел, кој е резервен возач на Мерцедес во Формула 1.
Разводот на Шумахер во 2015 година беше бурен, бидејќи тие се бореа за старателството на нивниот син, кој тогаш имаше 14 години. Исто така, тие се бореа за богатството на Ралф, тогаш проценето на 100 милиони евра, а спорот пред судот го завршија со спогодба, според која Кора добила шест милиони евра, како и семејната куќа во Бергхајм.
Се претпоставува дека причината за разводот е тоа што Кора дознала за сексуалната определба на нејзиниот сопруг. Но сега, тие двајцата се во пријателски односи.
Додека светската јавност веќе 10 и пол години беше многу заинтересирана за состојбата на Михаел Шумахер, кој беше тешко повреден на скијање во декември 2013 година, Ралф по разводот започна нова кариера – како амбасадор на фондацијата Лауреус, која ја доделува најпрестижната награда во спортот од 2011 година.