„Некој навистина плаќа 2.000 евра за овој телефон? Неверојатно“

Точка

15/07/2024

14:35

10.965

Големина на фонт

а а а

"Google" ќе го одржи својот настан на 13 август, каде што се очекува да ја претстави серијата на паметни телефони "Pixel 9".

Ова треба да биде најголемата постава на "Pixel" досега, со "Pixel 9", "Pixel 9 Pro", "Pixel 9 Pro XL" и "Pixel 9 Pro Fold".

Пред неколку дена протекоа европските цени на овие уреди, поточно француските, а многумина не се ентузијасти. Да почнеме со цените.

Најевтиниот 900 евра, најскапиот над 2000 евра

Според "GSMArena", "Pixel 9" ќе биде достапен во боите обсидијан, порцелан, космо и мохито, а цените ќе бидат:

128 GB: 899 евра

256 GB: 999 евра

"Pixel 9 Pro" ќе биде приближно со иста големина како "Pixel 9", но ќе има повеќе камери. Ќе доаѓа и во четири бои: обсидијан, порцелан, лешник кафеава и розова. Неговите цени наводно ќе бидат:

128 GB: 1.099 евра

256 GB: 1.199 евра

512 GB: 1.329 евра

"Pixel 9 Pro XL" ќе ги има истите компоненти како "Pixel 9 Pro", но ќе биде поголем, а исто така ќе доаѓа во боите наведени погоре. Неговите наводни цени се:

128 GB: 1.199 евра

256 GB: 1.299 евра

512 GB: 1.429 евра

1 TB: 1.689 евра

Конечно, "Pixel 9 Pro Fold" ќе биде наследник на оригиналниот "Pixel Fold" од минатата година. Овој модел ќе биде достапен само во обсидијан и порцелан боја. Ова би требало да бидат цените:

256 GB: 1.899 евра

512 GB: 2.029 евра

Важно е да се каже дека различните стапки на ДДВ можат да создадат варијации на цените низ ЕУ. Доколку оваа информација е точна, овие цени може да послужат како рамка за очекуваните цени на европскиот пазар.

„Апсолутно лудо“

Социјалните мрежи како "Reddit" и "X" се полни со коментари за наводните цени на серијата "Pixel 9". Многумина коментираа дека по таа цена не планираат да купат нов телефон на "Google Pixel".

„1200 евра за "Pixel 9 Pro XL" 128 GB е апсолутно лудо“, „Смешни цени“, „Сузуки по цени на Ламборџини хаха“, „Ако ова се реалните цени, ќе го прескокнам купувањето. Нема шанси да купам телефон со ист процесор како "Pixel 6", со неколку мали подобрувања и 128 GB … Дали се луди?“, „Сакам да купам "Pixel", но нема шанси да ја платам цената на "iPhone". Попрво би купил "iPhone:“, „Кој би платил 1000 евра за "Pixel"? „Не благодарам“, „Некој навистина плаќа 2000 евра за овој телефон?