Ова е атентаторот на Доналд Трамп: Познат по екстремните ставови, бил член на радикални групи, се појави наводно видео во кое ги објаснува мотивите за атентатот

Точка

14/07/2024

12:06

9.340

Големина на фонт

а а а

Томас Метју Крукс (20) се обиде да го убие поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој држел говор на митинг во рамки на претседателската кампања за овогодишните избори во Соединетите Американски Држави.

На социјалните мрежи се појави видео во кое атентаторот вели дека ги мрази Трамп и републиканците.

По обидот за атентатот, напаѓачот беше убиен, а настрада и едно лице од публиката.


Крукс испукал два куршуми кон Доналд Трамп, од кои едниот го погоди неговото уво на митингот на отворено во Батлер.

Според непотврдени информации, на местото на пукањето била пронајдена пушка АР-15.

Информациите кои ги поседуваат надлежните во САД велат дека атентаторот бил познат по своите екстремни ставови и дека учествувал во насилни инциденти, како и дека припаѓал на радикални групи кои промовираат драстични акции против „непријателот“.


На социјалните мрежи кружи видео кое наводно настанало пред атентатот, на кое се слуша како атентаторот вели дека ги мрази Трамп и републиканците.


Меѓутоа, Томас Метју Крукс е регистриран во Републиканската партија.

Американските медиуми го контактирале таткото на Томас, кој рекол дека не знае што се случува и дека ќе разговара со органите на редот пред да изнесе каква било информација во јавноста.

Крукс со пушка се наоѓал на кров на зграда надвор од безбедносниот периметар на митингот, а по пукањето бил убиен од агенти на Тајната служба.


Тој не носел никаква идентификација со себе, па агентите морале да ја „проверат неговата ДНК и да добијат биометриска потврда“, рече Кевин Ројек, специјален агент задолжен за канцеларијата на ФБИ во Питсбург, на прес-конференцијата во саботата вечерта пред да биде идентификуван Крукс.

Еден учесник на митингот е убиен, а двајца се тешко повредени.