Трамп за конфликтот со Закерберг: „Ќе биде затворен на долго време“

Точка

12/07/2024

18:11

12.600

Големина на фонт

а а а

Конфликтот меѓу Трамп и Закерберг нема да биде заборавен. Поранешниот претседател Доналд Трамп, за долгогодишниот конфликт со неговиот ривал, изјавува дека „измамниците на изборите“ ќе бидат затворени.

„Немаат срам! Сè што можам да кажам е дека ако бидам избран за претседател, ќе ги гониме измамниците на нивоа што досега не се видени. Ќе бидат пратени во затвор на долго време“, рече Трамп.


На платформата "Truth Social" тој го споменува и извршниот директор на "Meta". Врз основа на извештајот на "Fox News", во февруари 2023 година, основачот на социјалната мрежа "Facebook" е обвинет за мамење на изборите. Сето ова се случи благодарение на донацијата од два милиони долари на изборната комисија во Џорџија, пренесува "Business Insider".


„Зошто не беше кривично гонет? праша тој, па додаде: „Демократите знаат само да мамат. Америка повеќе нема да го трпи тоа!“


Победата на Трамп се повеќе се очекува. Поранешниот претседател води пред Бајден во многу национални и клучни анкети, откако претседателот имаше катастрофална дебата, одбележана со грешки и необични реченици.