Британската компанија „Ariel“ официјално го претстави новиот „Nomad 2“.
Како што бројот во самото име кажува, ова е наследник на „Nomad“ претставен уште во 2015-та година – во основа, овој модел е оф-роуд верзија на познатиот модел „Ariel Atom“.
Најголема новост кај „Nomad 2“ 2,3 литарскиот мотор преземен од „Ford Focus ST“.
Меѓутоа, Британците го модифицирале така што сега испорачува 305 коњски сили и 518 Nm вртежен момент. Колку за споредба, првата генерација на „Nomad“ ја придвижуваше 2,4-литарски мотор преземен од „Honda Civic Type R“, кој на хартија има 70 коњски сили помалку.
За „Nomad 2“, „Ariel“ нуди „ECU“ со три различни мапи во смисла на силата на моторот. Првата мапа ја ограничува силата на моторот на 260 коњски сили. Со најмоќната мапа, новиот „Nomad 2“ забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,6 секунди и постигнува максимална брзина од 215 км/ч.
Како и кај претходната генерација, каросеријата кај овој модел практично не постои. Поради тоа овој мини теренец, чија должина изнесува 3,4 метри, има маса од вкупно 715 килограми.
Новиот модел има шестостепен мануелен менувач, но достапен е и секвенцијален кој го разви компанијата „Quaife“. „Nomad 2“ исто така има делумна блокада на диференцијалот, амортизери кои може да се адаптираат и поседува хидраулична рачна кочница.
Опционалните карактеристики вклучуваат и „ABS“ систем, 18-инчни ковани алуминиумски бандажи, кров со УВ заштита и мал багажник во форма на куфер позициониран позади на кровот.