Трошат до 100.000 долари дневно на приватни авиони, хотелски соби, романтични подароци: Познатиот пар „плива“ во пари, ги чуваат 20 телохранители

Точка

12/07/2024

15:40

8.911

Големина на фонт

а а а

Се чини дека кај овој пар љубовта не доаѓа преку стомакот, туку преку паричникот. Но, за нив барем не може да се каже дека се еден со друг од интерес бидејќи и двајцата се многу успешни и „пливаат“ во пари.

Поп-ѕвездата Тејлор Свифт и ѕвездата на американскиот фудбал Тревис Келси наводно понекогаш трошат и до 100.000 долари дневно.

Како што пишува „Daily Mail“, парот не се колеба да се почести со раскошни излегувања, романтични гестови и подароци. Тој љубовен хедонизам трае скоро една година бидејќи, како што знаеме, Тревис и Тејлор ја започнаа својата романса во летото 2023 година.


„Многу телохранители, приватни авиони, луксузни хотелски соби, романтични гестови по кои и двајцата се познати, веројатно ги прави пар кој најмногу троши на светот. Тоа е прилично екстремно“, вели извор. Тревис и Тејлор првата половина од ова лето ја поминаа во Европа поради нејзината музичка турнеја, каде американскиот фудбалер уште еднаш покажа колкава поддршка е за својата девојка.


Сепак, поп-ѕвездата не заслужи ништо помалку бидејќи и таа самата го поддржуваше своето момче на 13 натпревари на „Chiefs“ и отпатува од Токио до Лас Вегас за да го гледа на теренот пред нејзината турнеја на другиот крај на светот. Неодамна, Тревис откри во документарна серија на Нетфликс дека цената на делот на Тејлор на Супер Боул е 3 милиони долари.


„Откако се запознаа, и двајцата потрошиле над милион долари на приватни авиони. Ангажирале над 20 телохранители кои се платени преку 1000 долари дневно“, рекол изворот, додавајќи дека Тревис не се плаши да ѝ угодува на Тејлор со нешта кои таа ги сака.

„Троши илјадници долари дневно на гардероба, нејзините омилени цвеќиња - орхидеи и хортензии“, објаснил тој. Сепак, љубовта не ја мерат со пари бидејќи воопшто не ги следат трошоците. „Тејлор и Тревис воопшто не размислуваат за парите што ги трошат. Тие го сакаат чувството на леснотија и вака ја изразуваат својата љубов еден кон друг“, рекол изворот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг