[ФОТО] Погледнете како денес изгледа Голи Оток

Точка

10/07/2024

17:14

3.951

Големина на фонт

а а а

На Голи Оток, островче во Велебитскиот канал, речиси полни 40 години се наоѓаа концентрационен логор и затвор. До денес, Голи Оток остана едно од најмрачните места во хрватското минато. Таму денеска е одржана комеморација по повод 75-годишнината од доаѓањето на првите затвореници.

Отворен е во 1949 година, а затворен во 1988 година

Логорот е отворен во 1949 година по налог на раководството на Комунистичката партија и државата, во склоп на големата „чистка“ во редовите на Комунистичката партија на Југославија. Подоцна таму биле затворани и лица кои извршиле криминални дела, други политички затвореници, а понекогаш и малолетни деликвенти. Тој остров бил избран поради неговата ненаселеност и неможноста за бегство.


Познат е по суровите казни и тешката принудна работа, а некои проценки велат дека низ логорот поминале меѓу 17 и 32 илјади затвореници, додека точниот број на починати не е утврден. Укинат е во 1988 година, а од него останаа само урнатини.


На Голи Оток имало логор за мажи додека на Свети Гргур се наоѓал логорот за жени.

За Голи Оток известуваше и „National Geographic“

„National Geographic“ го нарече Голи Оток „хрватскиот Алкатраз“. „Оние кои поминале дел од својот живот на Голи Оток го опишуваат како пекол на земјата, а тоа е очигледно и денес“, опишал Холанѓанецот Боб Тисен во репортажата.


Тие навеле дека низ затворот на Голи Оток поминале речиси 50.000 луѓе и дека многу затвореници умирале во тешки маки бидејќи „имале задача меѓусебно да се превоспитуваат со ќотек“. „По превоспитувањето, затворениците ги тепале и ги мачеле новите затвореници кои пристигнувале во затворот, сè додека тој не се затворил“, објаснил холандскиот фотограф во репортажата од 2017 година.

„Затворениците биле мачени, а поранешните затвореници го опишуваат местото како жив пекол. Во овој затвор имало и луѓе кои не биле виновни за ништо. Ќелиите биле мали и темни, а условите биле неподносливи. Ве тера да се запрашате како тие луѓе се чувствувале на тоа место. Тешко е да се каже колку ќелии имало бидејќи некои згради се целосно уништени, но според мојата проценка, помеѓу 1949 и 1989 година, на Голи Оток имало околу 50 илјади затвореници“, раскажал тој.


„Можете само да замислите што се случувало таму. Дури и само кога шетате наоколу, без никакви информации за тоа што се случувало, атмосферата е морничава. Вегетацијата можете да ја заборавите на овој остров, таму нема ништо. Така и го добил името, буквално е гол остров без вегетација“.

Вака денес изгледа Голи Оток.




Спонзорирани линкови

Маркетинг