[ФОТО] Ништо ново со Дрејк: Се обложил дека Канада ќе ја победи Аргентина, и еве колку пари загубил

Точка

10/07/2024

16:57

2.404

Големина на фонт

а а а

Големиот Лионел Меси ја предводеше Аргентина до финалето на Копа Америка и му го намали буџетот на познатиот рапер Дрејк за 300.000 долари.

Канадскиот рапер Дрејк се обложил на неговата земја да ја победи Аргентина во полуфиналето на Копа Америка и на тој облог вложил 300.000 долари.

Доколку Канаѓаните победеа, Дрејк ќе добиеше 2.880.000 долари.


Но, Меси и Џулијан Алварез постигнаа гол во победата на Аргентина од 2-0, а Дрејк продолжи со лошите прогнози и обложувања.

Дрејк го прекина својот „малер“ на 14 април кога предвиде дека Алекс Переира ќе го победи Џамахал Хил на „UFC 300“, но тој брзо се врати на своите стандардни грешки.

Переира му донесе добивка од околу половина милион долари кога од вложените 675.000 доби 1.194.750 долари.

И претходно тој загуби половина милион долари кога се обложи дека Далас ќе ја освои НБА лигата во финалето против Бостон, а синоќа доживеа уште една голема загуба.




Спонзорирани линкови

Маркетинг