[ВИДЕО/ФОТО] Хорор во Британија: Убиени сопругата и ќерките на познат новинар на Би-Би-Си - убиецот ги врзал, па ги застрелал со самострел

Точка

10/07/2024

19:00

3.660

Големина на фонт

а а а

Три жени се убиени синоќа во британскиот град Хертфордшир, а полицијата соопшти дека за нивното убиство е осомничен дваесет и шестгодишниот Кајл Клифорд, кој е во бегство.

Британските медиуми пишуваат дека Клифорд со самострел ги убил сопругата и двете ќерки на познатиот спортски коментатор на Би-Би-Си Џон Хант.

Хант синоќа ги пронашол сопругата Керол и двете ќерки тешко повредени во нивниот дом во Буши, Хертфордшир.

Сите жртви починале од повредите набргу по пристигнувањето на лекарот. Според полициски извори на кои се повикува Дејли Мејл, тие биле врзани пред да бидат убиени.

Кајл Клифорд, за кој се верува дека е поранешен партнер на една од жртвите, стана цел на голема потера на островот. Полицијата предупредува дека најверојатно е вооружен, а граѓаните ги предупредуваат да не му приоѓаат, туку да повикаат полиција.

Полициските сили се уште се на терен, додека во дворот од куќата има форензички шатор.


Соседката, која сакаше да остане анонимна, рече дека не ги познава добро жртвите, но дека тие биле пријателски расположени.

- Ги гледавме секој ден, секогаш не поздравуваа. Тоа што се случи е навистина тажно и шокантно – изјавила соседот.

Министерката за внатрешни работи на Обединетото Кралство Ивет Купер рече дека постојано добива информации за случајот и ги повика сите што имаат информации да контактираат со полицијата.

Локалниот советник Лоренс Брас, кој живее недалеку од местото на злосторството, рече дека областа е „типично британско предградие“.

- Синоќа околу осум часот гледав фудбал на телевизија, и одеднаш хеликоптер слета на тревникот пред мојот стан. Потоа го слушнав телефонот, добив предупредување дека имало инцидент во Буши и дека мораме да се држиме настрана, бидејќи очигледно некој е во бегство - рече тој.


Тој додава дека сите се шокирани, бидејќи не се сеќаваат кога се случило убиство во нивната мирна населба.

Друг жител рече дека видел дури 11 полициски возила, вклучително и единици за брза реакција, четири амбулантни возила и пожарникари.

- Што и да се случи, навистина е лошо и сите се потресени - рече тој.

Детективот Роб Хол од Одделението за крвни злосторства истакна дека ова е неверојатно тежок инцидент, дека е најтежок за семејството на жртвите и побара да се почитува нивната приватност.




Спонзорирани линкови

Маркетинг