[ФОТО] „Ова е моментот кога Нетанјаху нареди ликвидации“ – кабинетот на премиерот објави фотографија

Макфакс

17/03/2026

17:59

1.354

Големина на фонт

а а а

Кабинетот на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, објави фотографија со тврдење дека го прикажува моментот кога наредил ликвидација на високи ирански функционери.

Израел во синоќешниот напад врз Техеран го таргетирал Али Ларијани, претседател на Врховниот совет за национална безбедност. Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, тврди дека Ларијани е убиен, додека израелски воен претставник потврдил за „Би-би-си“ дека тој бил цел на нападот.

Во меѓувреме, на Телеграм канал кој му се припишува на Ларијани била објавена рачно напишана порака по повод погреб на припадници на иранската морнарица.

Во истиот напад, според израелските тврдења, убиен е и Голам Реза Солејмани, поранешен командант на силите Басиж.

Израелската војска соопшти дека десетици борбени авиони извршиле координирани напади врз Техеран, Шираз и Табриз. Во Техеран биле погодени командни центри, вклучително и објекти на Министерството за разузнавање и милицијата Басиж, како и локации за складирање и лансирање дронови и проектили и системи за противвоздушна одбрана.

Во Шираз биле погодени штаб и складиште за ракети, додека во Табриз биле уништени системи за противвоздушна одбрана.