[ВИДЕО] Доктор предупредува: „Не го игнорирајте овој знак на кожата, можеби е индикација за рак“

Точка

10/07/2024

16:34

4.659

Големина на фонт

а а а

Дерматологот Скот Валтер ги предупреди луѓето да бидат свесни за необичен симптом кој може да биде знак за сериозна болест.

Објасни дека брзиот раст на бели, тенки влакна на места каде што вообичаено не растат влакна, може да биде симптом на ретка состојба на кожата наречена стекната хипертрихоза (hypertrichosis lanuginosa или HLA).

„Овие влакна изгледаат како влакна што им растат на бебињата по раѓање, како пердуви. Но, кај возрасните, таквите влакна се знак на нарушување", објаснил д-р Валтер.


@denverskindoc Baby hair aka Lanugo as an adult? #whatsonmyskin #lanugo #lanugohair #medicine #acquiredhypertrichosislanuginosa #paraneoplastic #interesting #todayilearned #babyhair ♬ original sound - Dr. Scott Walter | Derm

Тој истакнува дека влакната најчесто се појавуваат на ушите, образите и носот и се поврзуваат со рак на белите дробови, дојката, матката, дебелото црево, гастроинтестиналниот систем, уринарниот тракт и јајниците.

„Лудо е што овој симптом може да се појави дури две и пол години пред дијагнозата на ракот. Ретко е и не сакам да ве плашам, но мислам дека е секако интересен начинот на кој кожата ни кажува дека нешто се случува внатре“, додал докторот.

Според Информативниот центар за генетика и ретки болести, помалку од илјада Американци имаат HLA. Симптомите вклучуваат воспаление на јазикот, отечени испакнатини на јазикот, изменето чувство за вкус, дијареа и губење на тежината.

Во еден пријавен случај, 68-годишна жена пријавила дека имала чувство дека јајникот ѝ гори. Имала и лануго влакна по целото лице. Пред да оди на радиотерапија ѝ бил дијагностициран HLA и ректален карцином.

Лекарите забележале дека влакната може да престанат да растат доколку се лекува основниот рак.



Спонзорирани линкови

Маркетинг