[ФОТО] Познатиот холивудски актер кој стана православен поради сопругата Србинка и кој децата ги форсирал да го научат српскиот јазик, е на одмор во Хрватска: Вака ужива на Јадранот

Точка

10/07/2024

22:22

8.358

Големина на фонт

а а а

Еден од најпознатите англиски актери, Кристијан Бејл вчера е забележан како ужива во Хрватска, поточно во Мљет. На Инстаграм страницата која се занимава со изнајмување велосипеди е објавена фотографија од популарниот актер како насмеано позира покрај извесен човек.

„Погодете кој возеше велосипед со нас денес? Нема погрешен одговор“, напишале на профилот, а меѓу понудените одговори биле Кристијан Бејл, Бетмен и Брус Вејн.


„Бетмен пристигна во Хрватска“; „Легенда“; „Тоа е толку кул“; „Легендарниот Бетмен“, се само дел од коментарите под објавата.

Покрај филмовите за Бетмен, Бејл глумел и во култните филмови како „American Psycho“, „The Machinist“, „Exodus: Gods and Kings“. Добитник е на престижната награда „Оскар“ и два „Златни глобуси“ за своите извонредни актерски способности.


Малку кој знае дека актерот ја прифатил православната вера, поради својата сопруга Србислава Блажиќ. Сиби или Сандра, како што многумина ја ословуваат и славниот актер се во брак од 2000 година.

Се запознале кон крајот на 90-тите на забава кај Винона Рајдер. Сиби во тоа време била нејзина лична асистентка, па таа ги запознала со намера самата да се „ослободи“ од Бејл кој упорно ѝ се додворувал.


Семејството на Сиби има српско потекло, а во САД од Белград се доселиле кон крајот на 60-тите. Слободан Блажиќ и Надежда Топалски во 1970-та година во Чикаго ја добиле првата ќерка и ја нарекле Србислава.

Дипломирала менаџмент на Универзитетот „Јужна Калифорнија“, а повремено работела и како модел.


Блажиќ и Бејл, кој е 4 години помлад од неа, за кратко време станале неразделни и се венчале во 2000 година во Лас Вегас. Ја имаат ќерката Емелин и синот Џозеф. По пишувањата на медиумите, Кристијан ги форсирал да учат и зборуваат српски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг