Кога би вложиле пари во ова растение, би заработиле вистинско богатство: Има неверојатни здравствени придобивки, а кај жените ја регулира и телесната тежина

Точка

10/07/2024

14:06

4.801

Големина на фонт

а а а

Сон на секоја жена е да најде лек кој ќе направи нејзините гради да изгледаат поголеми, а половината потенка.

Пискавицата е токму она „чудесно“ растение кое наводно помага во обновување на целиот организам.

Освен за убавина, добро е и за доилките бидејќи го стимулира произведувањето на млекото, го смирува бебето, ги снабдува доенчињата со железо и им помага да добијат на тежина.


Ова „чудотворно“ семе ги намалува и симптомите на ПМС-от. Поради неговото дејство врз матката, се консумира неколку дена пред породувањето, бидејќи наводно ги стимулира контракциите и со тоа го олеснува самиот чин на породување.

Покрај тоа што им помага на жените, добро е, според искуствата на мажите и поради диосгенинот во неговиот состав, во зајакнување на сексуалната моќ и во лекувањето на многу проблеми со потенцијата.

Тоа е едно од најстарите лековити растенија кое датира од времето на старите Египќани и Хипократ.

Пискавицата или фенугрикот може да се класифицира како едно од природните чуда на античките времиња, кога бил многу фален и ценет.


Во медицината и исхраната се користат неговите семиња, кои се неизбежна состојба во кари и други зачински мешавини многу популарни во Индија и на Блискиот Исток. Ова семе се користи и во лекување на алергии, висок крвен притисок, регулирање на шеќерот во крвта, исфрлање на секретот од белите дробови и синусите, стимулирање на метаболизмот итн.

Меѓутоа, вкусот на оваа билка е исклучително горчлив и лут, па не ви преостанува ништо друго освен да се навикнете на истиот.


Во 2 дл ладна вода ставете две лажички семенки. Зовријте, оставете да отстои покриено 20 минути, повремено мешајќи, па процедете. Пијте полека, во мали голтки.


Семето можете да го варите во каша или да ги сомелете во прав (поефективно е меленото во прав). Земете половина лажичка два пати на ден за да го подобрите варењето. За лаксативни цели, промешајте до една кафена лажичка свежо мелено семе во 2,5 дл вода и пијте еден до три пати на ден.




Спонзорирани линкови

Маркетинг