Трансформацијата на едно куче ги насмеа корисниците на мрежата „Х“ откако неговиот сопственик споделил фотографија по шишањето.
Имено, станува збор за кадрав бишон кој по шишањето целосно е трансформиран, а неговиот сопственик во неговиот нов изглед препознал еден српски актер.
„Им испраќаш на шишање убав и чупав бишон, ти го враќаат Никола Симиќ“, напишал сопственикот со фотографија по шишањето која набрзо стана вирална на мрежите.
— Sasa Loncaric (@LoncaricSa) July 7, 2024
Споредбата со Симиќ е особено комична, а многумина во коментари се сложиле дека кучето навистина личи на актерот.
Кадравиот бишон (фр. Bichon a poil frisé) е раса на кучиња со мал раст, која се карактеризира со бело, долго и кадраво влакно.
Но, од кадравото крзно останало само она на ушите и опашот, а заедно со мемињата со Никола Симиќ луѓето коментираат дека кучето е „ишишано за сите пари“.