Покажа што ѝ се случило среде топлотниот бран во Њујорк, снимката стана вирална

Точка

01/08/2025

14:29

1.357

Големина на фонт

а а а

Тиктокерка која објавува под профилот „@kaileeaaliyah“ сподели вирална снимка во која покажа што ѝ се случило за време на топлотниот бран во Њујорк.

Имено, таа покажа дека ременот на нејзината чанта се топи и се лепи за маицата.

„Толку е жешко во Њујорк што ременот на чантата ми се топи на маицата“, напишала покрај видеото во кое открила дека температурата достигнала 37°C. Во видеото го означила брендот „Coach“, кој стои зад чантата.

Снимката собра 6,4 милиони прегледи и речиси еден милион лајкови, а имаше и забавни коментари.

„Нека ѝ дадат нова чанта“, „Замисли крадец како се обидува да ти ја украде чантата, а ти само се влечеш за неа“, „’Balenciaga‘ наскоро ќе направи маица од стопена чанта и ќе ја продава за 799 долари“, „Добро, значи не смеам да ја носам мојата нова ’Coach‘ чанта надвор, јасно“, „Чантите на ’Coach‘ се само поскапа верзија на чантите од ’Temu‘, Вистинската кожа не се топи“, „Само носи црна маица, далеку од очи, далеку од срце“ и „Го гледав ова видео премногу пати, нека ѝ дадат нова чанта на оваа девојка“, се дел од коментарите.