На Табановце за влез и излез од државата се чека до еден час

Макфакс

08/07/2024

13:23

516

Големина на фонт

а а а

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 45 минути до 1 час. На другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен привремен режим на сообраќај, со кој се забранува движење тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Термините се следни:

– петок од 17 до 22 часот,

– сабота од 9 до 18 часот и

– недела од 9 до 22 часот.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење тешки товарни возила, чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, и тоа во следните интервали:

– петок од 15 до 22 часот,

– сабота од 7 до 12 и од 18 до 24 часот и

– недела од 7 до 22 часот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг