[ВИДЕО] „Ваков простаклук на море само Србите можат да смислат“: Поради скандалозната глетка од плажата во Грција, српските туристи биле ставени на столбот на срамот – може да реагира и полицијата!

Точка

08/07/2024

13:21

16.900

Големина на фонт

а а а

Започна сезоната на одмори, а со неа и многубројните видеа и фотографии кои доминираат на социјалните мрежи, а се однесуваат на искуствата на српските туристи во популарните одморалишта во Грција, Црна Гора и Хрватска.

Видеото кое во моментов е најактуелно и го привлекува вниманието на јавноста пристигнало од Пефкохори.

Иако не се знае дали креаторите и реализаторите на сцената на плажата на ова грчко одморалиште биле српски туристи, авторот на видеото и неговите следбеници по автоматизам заклучиле дека станува збор за Срби, бидејќи, како пишуваат, „кој друг би помислил местото на плажа да му го чува пешкир прицврстен со камења“.

Како што пренесува „ТикТок“ профилот „nikana.gr – летување во Грција“, вака изгледа плажата во текот на ноќта во Пефкохори. На видеото може да се видат крпи и душеци на песокот, над кои се поставени камења – за да не ги однесе ветрот.



Во описот на видеото стои: „Во Пефкохори ништо ново. И понатаму вака се чува место на плажа во текот на ноќта“.

Во коментари апелираат да се платат лежалките.

„Сè да им се фрли, па да плаќаат за лежалки“, „Сето тоа би им го фрлил“, „Тоа е ужас“, „Тотално бесмислено“, „Ајде плати лежалка и биди господин“, „Вака е и во Полихроно“, „Претпоставувам дека Срби се изумители на ова“ „Пефкохори, невоспитани“, биле само дел од коментарите.

Тука се и оние кои, саркастично, ја гледаат својата корист.

„Не знам за вас, но јас овде гледам бесплатни пешкири. Секоја година се враќам со пет врвни пешкири“.


Трети, пак, врз основа на лично искуство, велат како овој тип на зафаќање на места на плажите во Пефкохори може лошо да заврши по туристите.

„Еднаш бев сведок како комуналците наутро собраа сè и фрлија. Настана хаос“, гласи еден од коментарите.

Кои се вашите размислувања за поставување на простирки и пешкири како „гаранција“ за однапред обезбедено место?




Спонзорирани линкови

Маркетинг