Хамилтон преплавен од емоции, откри дека минал низ пекол: Имав проблеми со менталното здравје

Дерби

08/07/2024

11:38

35.671

Големина на фонт

а а а

Луис Хамилтон како седумкратен светски шампион влезе во надолна линија во последните три години, па затоа вчера со многу емоции и страст ја прослави првата победа во Формула 1 по пауза од 945 дена.

Британскиот возач славеше на домашната трка на Силверстоун и покажа посилни емоции и од деновите кога славеше титули, а како што откри самиот, причина за тоа бил тешкиот период кој го оставил зад себе.

Победата на возачот на Мерцедес ги преплави од емоции сите во тимот и најблиските луѓе на големиот шампион, кој пак на новинарите им откри дека минал и низ психолошка голгота од 2021-ва година па се до вчера.

– Никогаш не сум плачел после една победа, но овојпат едноставно сите емоции излегоа од мене. Вакво нешто не сум доживеал, многу сум благодарен на сите кои ме однесоа до тука.

– Последните три години беа многу тешки, имаше периоди кога имав проблеми со менталното здравје. Имаше денови кога не еможев да станам од кревет, мислев дека никогаш нема да се вратам тука, мислев дека за мене се е завршено во Формула 1.

За Хамилтон ова беше 104-та победа во неговата блескава кариера, но и покрај сите големи успеси и титули, самиот призна дека оваа е најслатка во неговата кариера.

– Првата победа секогаш важи многу, важни се и сите победи за титула, но ова е најважната победа во мојата кариера, – изјави емотивниот Хамилтон по победата на домашната трка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг