Група влијателни демократи го шокираа Бајден: Милијардери и политичари јавно бараат итно да се повлече од изборната трка

Точка

06/07/2024

17:30

2.863

Големина на фонт

а а а

Група угледни демократи побараа од американскиот претседател Џо Бајден да се повлече од изборната трка!

Влијателна група донатори, основана за заштита на институциите на американската демократија, испрати писмо до Бајден во петокот наутро во кое го повика да ја прекине својата кандидатура за реизбор.

- Со почит ве повикуваме да се повлечете од реизбор заради нашата демократија и иднината на нашата нација - се наведува во писмото потпишано од 168 граѓански лидери и бизнисмени.

Меѓу потписниците се една од најбогатите жени во светот Кристи Волтон, пензионираниот комесар на НФЛ и адвокат Пол Талиабу, милијардерот инвеститор Мајк Новограц, поранешен извршен директор на Гугл Нинг Мосбергер Танг, професорката на Правниот факултет на Харвард, Лоренс Лесиг...


Данијела Балу-Арес, извршната директорка на групата, која работеше во администрацијата на Барак Обама, одби да го коментира писмото.

– Нашата грижа број еден е ризикот што поранешниот претседател (Доналд) Трамп го претставува за економијата и националната безбедност, но и ризикот дека го поткопува владеењето на правото. Соработуваме и со членовите на Претставничкиот дом и Сенатот, со што ја објавуваме нашата загриженост - изјави Балу-Арес за Си-Ен-Ен.

Таа исто така рече дека очекува сите членови на групата да продолжат да го поддржуваат Бајден доколку тој ја продолжи трката против Трамп, но, како што вели, сега е многу поверојатно актуелниот шеф на државата и кандидатот на демократите да загуби отколку победи.

Во писмото групата ја пофали децениската јавна служба на Бајден и предупреди на наводните закани што ги носи евентуалниот втор мандат на Трамп.


- Ризиците за Америка се длабоки: глобална и домашна нестабилност, напуштање на нашите сојузници, пријателски капитализам, политичка одмазда и натамошна ерозија на правата на жените и другите групи. Време е да го зацементирате своето наследство со поминување на факелот исто како што тоа го направи Џорџ Вашингтон - се додава во писмото.

Портпаролот на изборниот штаб на Бајден даде изјава за достигнувањата на претседателот и неспособноста на Трамп за функцијата.


– Економистите предупредуваат дека Трамп ќе ја зголеми инфлацијата и ќе не испрати во рецесија, додека агендата на претседателот Бајден ќе продолжи да ги намалува трошоците и да го поттикнува растот на работните места. Изборот на овие избори за секој кој сака Америка да успее не може да биде појасен - изјави портпаролот на кампањата Чарлс Лутвак.




Спонзорирани линкови

Маркетинг