Како да слабеете без да гладувате? Овој пијалок ги согорува мастите од стомакот и е сосема безбеден, сите состојки ги имате дома

Точка

05/07/2024

19:45

11.575

Големина на фонт

а а а

Постои лесен начин како на брз начин да се ослободите од маснотиите на стомакот, без напорни диети и гладување.

Никој не сака да гладува. Но, кога сакате да изгубите некој килограм вишок, треба да внимавате на исхраната и да се занимавате со физичка активност. За да ја достигнете саканата тежина, покрај сето тоа испијте го овој природен напиток кој може многу да помогне во слабеењето.

Ги согорува масните наслаги

Комбинацијата од цимет и мед го регулира варењето, ги согорува мастите и го забрзува метаболизмот, што помага во слабеењето. Циметот ја ублажува потребата за слатки и го намалува апетитот бидејќи природно го регулира нивото на инсулин.


Како да го подготвите овој пијалок

Ставете шолја вода (250 ml) да се загрее до точка на вриење, но не смее да зоврие, бидејќи циметот ќе ги изгуби својствата во топла вода. Во шолја ставете 1 лажичка цимет и прелијте ја со вода. Добро измешајте да се растопи. Оставете да се излади 20 минути. Во млаката течност додадете 2 лажички мед и измешајте.


Кога се пие пијалокот?

Најдобро е да пиете пијалок од цимет и мед пред појадок и пред спиење. Пијте половина шолја наутро на празен стомак, а другата половина навечер, половина час пред спиење.

Напомена: Пред да го конзумирате овој напиток, консултирајте се со нутриционист или лекар.




Спонзорирани линкови

Маркетинг