Крос: Се надевам дека утре нема да го одиграм последниот натпревар во кариерата

Точка

04/07/2024

22:01

1.629

Големина на фонт

а а а

Германскиот фудбалски репрезентативец Тони Крос пред претстојниот натпревар против Шпанија изјави дека со влезот во четвртфиналето ја оствариле минималната цел, но дека главната цел е освојување Европското првенство.

Натпреварот меѓу Германија и Шпанија ќе се одигра во Штутгарт во петок во 18 часот, а покрај средбата меѓу Франција и Португалија, се смета за еден од дерби натпреварите во оваа фаза на ЕУРО.

Домаќинот Германија ќе се соочи со противникот кој, според многумина, остави најдобар впечаток на првенството досега.


„Ќе повторам уште еднаш, ова лето ги играм своите натпревари на фудбалските терени, но верувам овој петок нема да се случи тој крај. Како и сите во репрезентацијата, верувам во победа против силната Шпанија. Нашата желба е голема.

Исклучиво гледаме кон самиот крај, кон конечен триумф. Мислам дека сме способни за тоа без оглед на тоа кој ни е противник“, изјавил Крос, кој за германската репрезентација одигра 113 натпревари и постигна 17 гола.


Германија во осмина финалето ја победи Данска со 2-0, додека во групната фаза беше подобра од Шкотска и Унгарија. Единствената средба без победа беше ремито со Швајцарија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг