Нуркач успеал да сними досега невидена глетка во океанот

Точка

04/07/2024

20:32

3.772

Големина на фонт

а а а

Многу ретка видеоснимка открива нови аспекти на однесувањето и животниот циклус на сините китови, односно нивните потомства.

Нуркач во Источен Тимор ја направил првата снимка од доење на младенче син досега видена. Снименo во текот еко-туристичко патување покрај брегот Дилија, наведеното видео прикажува младенче од син кит како се храни.

Тоа сигурно не е тукушто родено младенче, но очигледно сè уште цица, вели Карен Едивејн од Австралискиот национален универзитет во Дарвин. Снимката настанала уште во 2022-ра година, но претставува пресвртница, бидејќи забележува однесување какво што досега не е видено.

Сините китови, најголемите животни кои живеат на Земјата, може да надминат 30 метри во должина и 200 тони тежина. Малите сини китови, подвид од Тимор, се нешто помали и достигнуваат 24 метри должина. Младенчето син кит не се врзува за мајката додека се храни. Наместо тоа, мајката пушта млеко во вода, а младенчето голта.

Едивејн сугерира дека младенчето во видеото има две години, со оглед на неговата големина, нагласувајќи дека сините китови обично се одвикнуваат од доење на возраст од три години.

Наведената снимка всушност е дел од поголема истражувачка и граѓанска научна иницијатива, која од 2014-та година каталогизирала 2.700 мали сини китови. Едивејн истакнува и други забележани однесувања како што се флертување, ритуали пред парење и хранење. Тие податоци покажуваат дека Источен Тимор е значајно место за едно од најголемите светски миграции на сините китови.

Капри Бек, од Одделот за вода и регулацијата на околината на Западна Австралија, ја нагласува реткоста на таквите видео снимки.

Неверојатно ретко е да се биде во вода со сини китови, а уште помалку да се биде во вода во право време и на право место за снимање на младенче во текот на доењето, нагласува Бек.




Спонзорирани линкови

Маркетинг