Скромно достигнување: Еве колку луѓе месечно користат „Threads“

Точка

07/07/2024

12:02

6.464

Големина на фонт

а а а

„Threads“, социјалната мрежа на „Meta“ дизајнирана како одговор на „X“ на Илон Маск, достигнала 175 милиони активни корисници месечно пред својата прва годишнина. Шефот на „Meta“ Марк Закерберг го потврдил бројот на корисници во објавата на платформата, со коментар „Каква година“.

„Threads“ беше лансиран во јули 2023-та година како директен конкурент на „X“, претходно познат како „Twitter“, кој се најде во значајна реконструкција откако ја преземал директорот на „Tesla“ и „Space X“ Илон Маск. Отпуштил многу персонал, го ревидирал составот за верификација на корисници и го намали модерирањето на содржини како дел од планот да овозможи апсолутна слобода на говорот на страницата.

Многу корисници, незадоволни од промените, почнале да бараат алтернативи, а таа можност ја „зграбија“ Закерберг и „Meta“. Лансирањето на мрежата „Threads“ уследи по жестоката јавна расправа на двајцата технолошки могули, при што Маск го предизвика Закерберг на борба во кафез, но тоа никогаш не се случи.


Во еден момент „Mask“ и компанијата „X“ дури и се заканиле со правна постапка против „Meta“ поради лансирањето на новата апликација. Постигнувањето од 175 милиони месечни корисници на „Threads“ е скромно во споредба со најголемите социјални мрежи. Другите големи социјални мрежи на „Meta“, „Facebook“ и „Instagram“, имаат милијарди активно корисници.

Но, од „Meta“ сугерираат дека фокусот на „Threads“ не е бројот на корисници, а шефот на „Instagram“ Адам Мосери рекол дека „The Threads“ минатата година бил повеќе заинтересиран платформата да стане „културно релевантна“. За разлика од некои други социјални мрежи, „Meta“ ја намалила истакнатоста на политичка содржина и наместо тоа на „Threads“ поттикнала повеќе забавна содржина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг