На Инстаграм е објавен исечок од емисија на „BBC“ од 1989 година наречена „The Year 2000“, која прикажува како во модерното доба ќе изгледаат нашите домови.
Во исечокот се наведува дека кога „нередот од технологијата ќе исчезне“, луѓето ќе можат да ги уредуваат просториите во својот дом како што сакаат.
„Нема да бидете во можност всушност да ја видите технологијата, но таа ќе биде таму, ќе ја врши својата работа, без да ви пречи“, се вели во видеото.
Сметале дека светлата автоматски ќе се палат и гасат додека влегувате и излегувате од собите и дека куќата „ќе научи колку силна сакате да биде светлината“.
„Едноставна команда ви дава музика, можеби од некоја музичка библиотека“, се предвидува понатаму во видеото. Исто така, тие сметале дека штекерите повеќе нема да постојат, и дека ќе можете да добивате струја од која било точка на ѕидовите.
Друга работа што се предвидува во емисијата дека ќе има „активна улога во домот“ се прозорците.
„Ова е нова технологија на стакло каде што со комбинирање на проѕирни слоеви со обично стакло можеме да влијаеме на самото стакло. Можеме да го замаглиме за приватност и да го контролираме отсјајот и сончевото зрачење со другите слоеви“, вели научникот Дејвид Батон.