[ВИДЕО] МВР со нови детали за вчерашното убиство во Тетово: Маж застрелан од автомобил во движење

Точка

06/07/2024

13:02

3.642

Големина на фонт

а а а

Убиство се случи вчера во Тетово, потврди полицијата. Жртвата е маж со иницијали Р.Т. на околу 40-годишна возраст.

„Во 20.35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на ул.Штипска едно лице, кое било со возило марка мерцедес пукало кон возило марка БМВ во кое било лицето со иницијали Р.Т., кое од добиените повреди починало. Полициски службеници од СВР Тетово преземаат интензивни мерки и активности за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Јавното обвинителство денеска соопшти дека е извршен увид на местото на синоќешното убиство во Тетово, како и дека јавен обвинител ги издава сите потребни наредби, меѓу кои наредба за обдукција и наредба за обезбедување на снимки од видеонадзор.

- Возилото и други траги се подигнати за вештачење. МВР постапува за откривање на сторител, се наведува во инфомрацијата од Обвинителството.



Спонзорирани линкови

Маркетинг