[ВИДЕО] Ивица Јаковлевски рамо до рамо со НБА тренерите на Дурант, Кари, Пол, Дејвис, Дерозан...

Точка

04/07/2024

11:05

2.014

Големина на фонт

а а а

Македонскиот сертифициран Skill Development кошаркарски тренер Ивица Јаковлевски е првиот тренер од нашата земја кој бил повикан да работи со Skill Development кошаркарски тренери од престижната НБА.

Во текот на 5-дневниот престој на Крит во кошаркарскиот камп, Јаковлевски работеше со тренерите Џони Стефан и Брајан Мејкон кои се лични тренери на НБА ѕвездите Стеф Кари, Кевин Дурант, Демар Дерозан, Крис Пол, Скот Барнс, Ентони Дејвис...

Се работеше интензивно, по 3 часа на ден, со што учесниците се соочија со многу предизвици и се стекнаа со нови знаења.

Исто така со тренерот Јаковлевски беа уште 6 талентирани млади кошаркари и кoшаркарки кои се стекнаа со нови вештини од најдобрите НБА Skill Development кошаркарски тренери.



Спонзорирани линкови

Маркетинг