Кризниот штаб на Општина Аеродром: Подготвени сме пред предизвиците по најавите за невреме

Макфакс

02/07/2024

17:20

480

Големина на фонт

а а а

Кризниот штаб на Општина Аеродром на чело со заменик-градоначалникот Дејан Митески е мобилизиран и подготвен да реагира на предизвиците што може да се појават откако попладнево почна да дува силен ветер со најава за големо невреме. Мобилни екипи веќе се излезени на терен и вршат расчистување на јавните површини, информираат од општината.

Апелираат, доколку граѓаните забележат паднати дрвја врз автомобили или други објекти, да пријават во полиција, која треба да направи увид и записник, по што општинските екипи ќе го расчистат теренот.

„Штети и паднати дрвја може да се пријавуваат и на телефонскиот број 072/270-886.

Општина Аеродром апелира до граѓаните и до возачите без поголема потреба да не излегуваат додека трае невремето. Наша најважна обврска е да ги заштитиме граѓаните и нивните имоти и да го минимизираме ризикот од поплави и од други штети“, се наведува во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг