Дрво падна врз автомобил во Скопје

Макфакс

02/07/2024

15:56

684

Големина на фонт

а а а

Попладнево падна дрво врз автомобил во близина на трговскиот центар „Веро“ во скопската населба Пролет.

Силниот ветер кој попладнево почна да дува во Скопје го соборил дрвото.

Од УХМР утрово апелираа за внимание од појава на пороен дожд, грмежи и силен ветер над 70 километри на час.

Според предупредувањата на управата, во текот на вечерните и ноќните часови ќе има потреба од внимателност во повеќе региони, како и внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и места каде има опасност од одрони и свлечишта.

– Попладнево и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 70 km/h) и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени, информираа од УХМР.



Спонзорирани линкови

Маркетинг