Кристијано Роналдо се најде во центарот на вниманието поради солзите кои ги ронеше за време на мечот меѓу Португалија и Словенија, но вистинскиот херој на фаворитот беше голманот Диого Коста.
Чуварот на мрежата на Порто беше апсолутен португалски јунак бидејќи го одбрани зицерот на Шешко, но и поради фактот што ги прочита сите тројца словенечки изведувачи во пенал рулетот.
Коста испиша историја со трите одбрани на Европските првенства и со златни букви го запиша своето име во фудбалските читанки, бидејќи стана првиот голман кој не примил ниту еден гол во регуларното време, продолжението или во пенал рулетот.
По натпреварот и пласманот во четвртфиналето, 24-годишниот голман добива безброј пофалби, а една голема пристигна и од селекторот Роберто Мартинез.
– Тајното оружје на Порртугалија е Диого Коста. Тој е најскриеното оружје во европскиот фудбал. Овојпат истапи на сосема поинакво ниво, беше неверојатен во ситуацијата еден на еден со Шешко, а потоа беше доволно фокусиран за да запише три одбрани едноподруго. Мора да бидеме горди на тоа што го направи за нас, – изјави Мартинез.