[ВИДЕО] Пристигна филмот со Зак Ефрон и Никол Кидман, а луѓето коментираат само една работа

Точка

02/07/2024

14:55

2.834

Големина на фонт

а а а

Ако сте љубител на романтични комедии, „A Family Affair“ е филм кој веројатно не смеете да го пропуштите. Филмот со Зак Ефрон и Никол Кидман пристигна на Нетфликс и веднаш се најде на првото место на листата на најгледани наслови, иако има оцена 5,5 од 10 на ИМДБ.

Во филмот, 56-годишната Кидман има бурна афера со шефот на нејзината ќерка, кој го игра Ефрон (36). Филмот содржи и една интимна сцена помеѓу Кидман и Ефрон, каде ја изразуваат својата страст еден за друг.

Но и покрај таа сцена, гледачите се изненадени од нешто друго. Тие на социјалните мрежи не престануваат да го коментираат изгледот на познатиот актер.

„Што се случи со лицето на Зак Ефрон? „О, боже, што направил со лицето?“, „Зошто некој со толку прекрасно лице би си го направил тоа?“, „Изгледа како Џокерот“, се дел од коментарите на Х.


Во септември 2022 година, во интервју за магазинот „People“, Ефрон рече дека во 2013 година ја скршил вилицата, поради што му се зголемиле мускулите на лицето. Многумина не веруваат во таа приказна и веруваат дека тој направил козметички корекции.




Спонзорирани линкови

Маркетинг