[ВИДЕО] Невреме ја зафати Словенија: Градот ги искрши стаклата на автомобилите

Макфакс

01/07/2024

20:54

1.479

Големина на фонт

а а а

Невреме со силна бура ја зафати Словенија и во попладневните часови се префрли на северозапад од земјата.

Синоптичарите предупредија дека во текот на денот невреме со врнежи ќе ја зафати цела Словенија.

Uff.. maloprije u Sloveniji kod Novog Mesta, strašno

Video: Bojan Odobašić

Posted by Neverin on Monday, July 1, 2024

Според „N1 Словенија“, невремето со ветер ќе го зафати словенечкото крајбрежје и голем дел од Истра.

Според податоците на Агенцијата за заштита на животната средина, најсилното невреме се случило во Долењска. Градот предизвикал најмногу проблеми особено во сообраќајот, бидејќи возачите пријавиле скршени шофершајбни.

Aleš Zupančič, Ivančna Gorica

Aleš Zupančič

Ivančna Gorica

Posted by Neurje.si on Monday, July 1, 2024

Читател на N1 Словенија пријавил дека ветробранското стакло од неговиот автомобил било искршено од силниот град. Според неговата изјава, условите во близина на Ново Место биле ужасни и повеќето од автомобилите имале скршени шофершајбни. Според објавите во група на Фејсбук, луѓето застанувале под надвозникот иако тоа било забрането.

Како што објави сајтот „ Неверин“, посилно невреме доаѓа од Словенија веднаш на влезот во Хрватска, а се очекува и во Босна и Херцеговина. Агенцијата за водено подрачје на реката Сава упати важно предупредување до граѓаните поради можни поплави.



Спонзорирани линкови

Маркетинг