Секој пат кога тргнуваме на патување, доживуваме возбуда. Сигурно некогаш се случило да тргнете на пат и на половина пат да сфатите дека нешто сте заборавиле. Тоа се случува особено кога одиме на море – почнува еуфоријата, едвај чекаме да тргнеме, купуваме нова гардероба, а за пакување обично оставаме само неколку часа пред да тргнеме. Но, подготвувањето однапред за да се избегне стресот од заборавените работи кои можат да го расипат одморот е клучно за да се има безгрижно и пријатно патување.
Документи и пари
Пред да заминете, проверете дали ги имате сите неопходни документи. Пасошот, личната карта, виза (доколку ви треба) за да ви бидат лесно достапни (во џеб или во чанта). Можете сѐ да носите на патувањето, но доколку заборавите пасош или лична карта веројатно ќе морате да се вратите од граница или аеродром. Направете копии од сите важни документи и оставете ги кај доверлива личност или во дигитален формат.
Не заборавајте да имате доволно кеш и кредитни картички. Сите работи што ќе ги заборавите (четкичка за заби, шампон, дезодоранс, полнач...) можете да ги купите со пари, така што, по документите, парите се најважната работа што не смеете да ја заборавите при одење на патување.
Патничко осигурување: Најдобар пријател на патувањето
Најважната работа која не смеете да ја заборавите е патничкото осигурување. Замислете дека сте на егзотична локација и одеднаш ви треба медицинска помош. Патничкото осигурување ќе ги покрие трошоците за лекување и ќе ви обезбеди поддршка во многу неочекувани ситуации. Со него, вашиот одмор ќе биде вистински безгрижен и сигурен.
Пакување со стил
Пакувањето е дел од магијата на летувањето. Направете список на сите потребни работи и започнете со пакувањето неколку дена порано. Размислете за временските услови на вашата дестинација и пакувајте соодветна облека. Не заборавајте да ги земете сите неопходни козметички производи и електронски уреди. Спакувајте се паметно и избегнувајте вишок багаж.
Електронски уреди и полначи
Модерното патување не може да се замисли без електронски уреди. Проверете дали ги имате сите потребни полначи и адаптери за различни типови на приклучоци. Носете екстерен полнач (Power Bank), особено ако патувате со автобус за да бидете сигурни дека уредите ќе имаат доволно батерија во секое време.
Кутија за прва помош
Пакувајте кутија за прва помош со основни медицински материјали како завои, антисептици и лекови кои ги користите редовно. Ако патувате во странство, проверете дали ви се потребни одредени специфични лекови. Кутијата за прва помош ќе ви обезбеди чувство на сигурност и заштита. Колку и да се надевате дека нема да ви треба, ќе се чувствувате посигурно ако ја спакувате.