[ВИДЕО] Неверојатен случај: Баба од Кина 20 години користела рачна граната како чекан за кршење ореви

Точка

01/07/2024

15:42

2.405

Големина на фонт

а а а

Неверојатната приказна за една баба од Кина го обиколи светот, а за среќа никој не настрадал.

Имено, Чин, која има 90 години и потекнува од Хубеи, провинција во централна Кина, цели 20 години користела рачна граната наместо чекан.

На својата фарма таа пронашла необичен метален предмет кој го користела за кршење ореви, не знаејќи дека во раката држи бомба. Иако главата на гранатата била прилично оштетена со текот на времето, за среќа не дошло до трагедија.

Работниците во близина на нејзината куќа препознале што всушност таа држи во раце, па така Чин дури пред неколку дена дознала во каква опасност се наоѓала сето ова време.

„Ја користев гранатата за мелење црвен пипер, кршење ореви и забивање шајки“, открила оваа баба во видеото кое стана вирално на интернет.


Кога работниците ги предупредиле надлежните служби, на терен веднаш биле испратени припадници на единицата за деактивирање и уништување експлозивни направи.

Кинеските медиуми соопштија дека се работи за граната од типот 67, препознатлива по заштитната метална обвивка на дрвената рачка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг