Еден починат и еден тешко ранет во пукање во Батинци, МВР трага по сторителите

Точка

01/07/2024

11:15

2.723

Големина на фонт

а а а

Еден мртов и еден повреден е билансот од престрелката шти утрово се случи во селото Батинци во скопско потврди МВР.

- На 01.07.2024 во 09,25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв. На местото на настанот починал А.Б.И., а З.И. се здобил со повреди и е пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар-Скопје, се посочува во информацијата од МВР.


СВР Скопје во координација со Одделот за специјални полициски операции и Одделот за воздухопловни единици преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг