Таа е жената поради која врската на Кејт и Вилијам била на „климави нозе“: Сè траело додека кралот Чарлс не ставил точка на тоа

Точка

27/06/2024

19:30

4.167

Големина на фонт

а а а

Принцот Вилијам и неговата љубов Кејт Мидлтон неодамна прославија 13 години брак. Иако живеат среќно и хармонично, ретко кој е упатен во љубовниот живот на Вилијам пред тој да одлучи да ја запроси Кејт.

Во книгата „Браќа и сопруги: Во внатрешноста на приватните животи на Вилијам, Кејт, Хари и Меган“, во 2021 година, Кристофер Андерсен пишувал за почетокот на љубовната приказна меѓу принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.


Имено, како што напишал во книгата, на почетокот на нивната врска Вилијам сè уште бил многу близок со својата поранешна девојка Џесика (Џекa) Крег, што за нив било голем предизвик.

Вилијам ја запознал Џесика уште кога бил тинејџер, па може да се каже дека таа е неговата прва љубов.

Кејт, според зборовите на Андерсен, била многу лута поради пријателството на Вилијам со Џесика, а многу медиуми во тоа време, како за инает, постојано го поврзувале принцот со разни убавици, што дополнително внесувало немир во нивната врска.


Како што е наведено, Џека и Вилијам делеле ист круг на пријатели, па често се гледале на венчавки и прослави од различни типови и, колку Кејт и да инсистирала, Вилијам секогаш наоѓал начин да се види со неа сè додека неговиот татко, кралот Чарлс, не одлучил да стави точка на тоа.

Според книгата, кралот играл на картата на емпатија и барал Вилијам да го прекине контактот за да не страда Џека, бидејќи е очигледно дека својата иднина ќе ја гради со Кејт.


На крајот, Вилијам го послушал својот татко и ги прекинал сите контакти со поранешната, по што неговата врска со Кејт процветала и набрзо завршила со брак. Сепак, на денот на нивната венчавка, во 2011 година, Џека била нивна гостинка, а пет години подоцна Кејт и Вилијам биле гости на нејзиниот најубав ден.

Денес Џесика се занимава со активизам и е соосновач на организација која се занимава со заштита и зачувување на дивите мачки и слонови. Таа е среќно мажена за докторот Џонатан Бејли.



Спонзорирани линкови

Маркетинг