Рецепт за политичка катастрофа во Франција на повидок: ЕУ стравува од сценарио во кое Макрон и Бардела би морале да владеат заедно

Точка

26/06/2024

21:32

2.589

Големина на фонт

а а а

Францускиот претседател Емануел Макрон, по предвремените парламентарни избори би можел да биде принуден да му го довери мандатот за формирање влада на лидерот на опозициската партија.

Бриселскиот сајт „Политико“ ја анализираше ситуацијата во која Макрон ќе биде во непријателски односи со новиот премиер и наведе дека постојаната борба на либералниот шеф на државата со ултрадесничарскиот премиер ќе биде рецепт за политичка катастрофа.

Се известува дека либералниот Макрон наскоро може да го покани Џордан Бардела, лидерот на екстремно десничарското Национално собрание, на чело на владата.

Политико оценува дека центристите на Макрон се на пат до тежок пораз на гласањето за Националното собрание, кое е закажано во два круга - на 30 јуни и на 7 јули.


Тоа значи дека шефот на Елисејската палата ќе мора да се обрати до опозицијата за да формира влада до крајот на неговото претседателствување, неволен политички брак познат во Франција како кохабитација.

Мандатот на Макрон истекува во 2027 година, а неговото предвремено заминување од функцијата претседател ќе мора да предизвика огромна криза во земјата.

Политико потсетува дека кохабитацијата не е настан без преседан во Франција, каде што е виден три пати во модерната историја на земјата.

Конзервативните премиери Жак Ширак и Едуард Баладир мораа да соработуваат во текот на 80-тите и 90-тите години на минатиот век со социјалистичкиот претседател Франсоа Митеран, а потоа во периодот од 1997 до 2002 година, социјалистичкиот премиер Лионел Жоспен кохабитираше со Ширак, кој беше веќе тогашен претседател на државата.

Се наведува дека сега ситуацијата е поинаква.


Сите тие претходни неволни парови припаѓаа на политичкиот мејнстрим, факт кој беше клучен за соработката.

Останатите земји од ЕУ стравуваат од катастрофални последици поради улогата на Франција како глобална стратешка сила и членка на Унијата која го формира јадрото на европскиот блок.

Така, Брисел би изгубил една од ретките преостанати земји на ЕУ кои имаат овластување да бидат лидери на меѓународната сцена за различни прашања, од индустриска политика до одбрана.

Обидите да се подмири големиот долг на Франција или да се зајакне поддршката за Украина, исто така, би станале потешки доколку ултрадесничарската влада мора да се бори со Макрон за превласт над земјата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг