Обама се огласи по дебатата меѓу Трамп и Бајден: Призна дека американскиот претседател „потфрлил“

Точка

29/06/2024

10:59

2.593

Големина на фонт

а а а

Поранешниот американски претседател Барак Обама се огласи по дебатата меѓу американскиот претседател Џо Бајден и републиканскиот кандидат Доналд Трамп и призна дека актуелниот лидер имал „лош перформанс“.

- Се случуваат лоши дебатни ноќи. Верувајте, знам – напиша Обама на платформата Икс (Твитер).

Поранешниот претседател тврди дека претстојното гласање е избор меѓу некој кој цел живот „се бори за обичните луѓе“ и некој кој „се грижи само за себе“.


„Минатата ноќ не го промени тоа“, нагласи Обама.

Синоќа во студиото на Си-Ен-Ен се одржа првата дебата меѓу претседателските кандидати на претстојните избори во САД, Џозеф Бајден и Доналд Трамп.




Спонзорирани линкови

Маркетинг