[ФОТО] „Како што доликува“: Горд татко ги пречекал мајката и бебето во бела кочија пред породилиштето во Бјелина

Точка

20/09/2024

21:23

423

Големина на фонт

а а а

Една несекојдневна сцена била забележана денеска пред болницата „Свети Врачеви“ во Бјелина, каде Божидар Милјановиќ од Угљевиќ во бела кочија ги пречекал сопругата Злата и нивната принова Милица по излегувањето од породилиштето.

„Имам мои коњи и пајтон и одлучив кога веќе ја имам таа можност, да ги дочекам моите Злата и Милица како што доликува“, изјавил гордиот тато, пренесува „Klix“.


Милјановиќ вели дека Милица е нивното четврто дете и дека таа и нејзината мајка денеска пред болницата ги пречекале нејзините браќа и сестра Раде, Марко и Сунчица.


Тој изразил благодарност до директорот на болницата, кој двапати ја оперирал неговата ќерка Сунчица и ѝ го спасил животот.

„Да не беше тој, сето ова немаше да биде вака. Тој е човек кој заслужува сè. Благодарение на доктор Лазиќ, мојата Сунчица има среќно и безгрижно детство. За тоа нашето семејство му е вечно благодарно“, изјавил Милјановиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг