Моќта на брендингот: Само додај Coca-Cola и... уживај во магијата

Точка

24/06/2024

19:16

1.478

Големина на фонт

а а а

Дури 94% од глобалното население го препознава иконичното лого на Coca-Cola, а дури и AI алатките многу брзо ја совладаа таа лекција. И не само логото туку и целиот свет што се крие зад овој бренд – весел, оптимистичен, во боја, исполнет со свежи идеи.

Оттука произлегува и инспирацијата за новата кампања Just Add Coca-Cola (Само додај Coca-Cola), креирана и реализирана локално, во Македонија, од маркетинг-агенцијата „Њу момент Скопје“. Сите материјали што ги продуцира агенцијата за оваа кампања се создадени со користење на AI алатки со внесување едноставни промптови – „човек со куче“ или „двојка на вечера“, при што се добиваат едноставни слики, со неутрални, претежно темни бои. Но, кога ќе се додаде само еден збор во промптот – Coca-Cola – целата атмосфера на сликата се менува во изразено попозитивна, светла, со доминантна црвена боја и cool насмеани лица.

- AI платформите кои се на располагање во моментов не препознаваат логоа ниту текст. Уште помалку, пак, го препознаваат визуелниот идентитет на даден бренд. Најчесто се добиваат деформирани слики и непрепознатливи резултати. Кога станува збор за Coca-Cola, не само што го препознаваат логото туку и чувството што брендот го гради околу себе низ својата долгогодишна историја. Токму тоа нè поттикна да ја развиеме оваа кампања – велат од „Њу момент“.

Уште од основањето на компанијата пред повеќе од 130 години, иновативниот маркетинг и адвертајзинг на Coca-Cola одиграа клучна улога во нејзиниот огромен успех и во градењето на препознатливоста на брендот. Чувството и атмосферата што се градеа околу брендот од самиот почеток до денес се конзистентни – позитивни, оптимистични, со намера да зближат и поврзат. Coca-Cola е дел од секоја прослава, веселба, за многумина тоа е првиот бренд што им паѓа напамет кога ќе се спомне Божиќ. Дури и глобалната слика за Дедо Мраз која опстојува низ годините произлегува од дамнешна реклама на Coca-Cola. Тоа е моќта на брендингот, која ја препознава и AI.


Освен тоа, за разлика од повеќето брендови кои значително ги намалуваат маркетинг-активностите кога еднаш ќе достигнат препознатливост, Coca-Cola продолжува континуирано да создава вистинска магија, вложувајќи не само во сопствениот бренд туку и во спонзорства, партнерства и општествено одговорни практики.

- Иновативноста е задолжителна состојка во „рецептот за магија“ на Coca-Cola. Вештачката интелигенција во последниве година и пол доживува сериозен подем, и компанијата веќе ја има користено на глобално ниво. Задоволни сме што овој концепт произлезе од регионална агенција. Низ историјата на брендот, Coca-Cola секогаш била опкружена со позитивна и оптимистичка атмосфера, емотивна поврзаност, споделување заеднички моменти, весели и насмеани лица, аспиративен начин на живот, глобален досег, но локална релевантност. И сето тоа е конзистентно низ годините, па и некако не е изненадување што вештачката интелигенција го препознава – вели Мартин Атанасовски, маркетинг-директор во The Coca-Cola Company.

Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг